ОВОШЈЕ НА ПРАЗЕН СТОМАК, КАКО УЖИНА, СО ОБРОК…? Дали ги почитувате „правилата“ за јадење овошје или си го јадете по свое?
Нутриционистите постојано нудат совети за тоа како треба да се јаде овошјето, а тие се сосема поинакви од она како се консумираше овошјето во 80-тите и 90-тите од минатиот век. Какви се вашите навики во врска со ова и се губите ли во различните препораки?
Кога ние бевме деца, поточно, во 70-тите и во 80-тите, па и во 90-тите години беше нормално наутро, ако не сакаме да појадуваме да ни тутнат во рака по едно јаболко, круша или банана, во зависност од сезоната, а најслатко јадење ни беше леб, сирење и грозје или лубеница, а доматите ги јадевме како јаболки, трчајќи по улица. За десерт секаде, и дома и во детските одморалишта и во хотелите, се даваше овошје.
Денеска, нутриционистите имаат сосем поинакви правила за тоа како треба да се јаде овошјето.
Како треба да се консумира овошјето?
Овошје на празен стомак?
Според едни, овошјето не треба да се јаде наутро за појадок и на празен стомак, за да не се забрза работата на панкреасот и лачењето на инсулин.
Според други, јадењето овошје наутро е еден од најздравите начини да се започне денот, бидејќи му обезбедува на телото витамини, минерали и природна енергија. Иако, и според вториве, не се сите овошја идеални за јадење на празен стомак, особено ако имате чувствителен дигестивен систем.