АХМЕТИ, ФИЛИПЧЕ И КОВАЧЕВСКИ КОРИСТАТ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ОД МВР Собраниски одговор на пратеничко прашање
„Испаѓа дека само јас немам државни телохранители“ – коментира Апасиев во објавата на одговорот на неговото пратеничко прашање на Фејсбук.
Пратениците Али Ахмети, Венко Филипче и Димитар Ковачевски користат државно обезбедување од МВР. Овој одговор го добил лидерот на Левица, Димитар Апасиев на пратеничко прашање поставено до претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Според одговорот на претседателот на Собранието за пратениците Ахмети, Филипче и Ковачевски определени се мерки и активности за обезбедување од страна на МВР врз основа на одредбите од Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување („Службен весник на Република Македонија“ бр.56/14 и 161/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.267/19 и 244/23).
„Ова ли е таа контролирана опозиција, во буквална смисла? Испаѓа дека само јас немам државни телохранители“ – коментира Апасиев во објавата на одговорот на неговото пратеничко прашање на Фејсбук.