ЌЕ БЛОКИРАМЕ И ВОЈУВАМЕ КОЛКУ ШТО ТРЕБА, ВЕЛИ ХЕГСЕТ 13 бродови биле сопрени од САД во Ормускиот Теснец

Шефот на Пентагон порача дека блокадата на САД во Ормускиот Теснец ќе трае колку што е потребно, а ако преговорите не успеат САД се спремни за нови борби. Војската предупредува дека секој брод поврзан со Иран може да биде пресретнат.

358

Шефот на Пентагон Пит Хегсет најави дека САД ќе ја одржуваат блокадата во Ормускиот Теснец „колку што е потребно“.

– Колку што е потребно, ние ќе ја одржуваме блокадата – изјави Хегсет на прес-кофенренција со генералнот Ден Кејн.

Хегсет порача дека Иран има избор.

– Може да го направи тоа на полесен или на потежок начин – рече тој.

Според него, заканите на Иран кон трговските бродови не се контрола, туку пиратство.

Американската војска веќе презела конкретни чекори. Генералот Ден Кејн изјави дека 13 бродови биле вратени од почетокот на блокадата.

Секој брод што ќе се обиде да помине ќе биде пресретнат и предупреден.

САД најавуваат агресивен пристап.

– Ќе го гониме секој брод што плови под иранско знаме или му помага на Техеран – изјави Кејн.

Ова значи проширување на контролата врз целиот поморски сообраќај.

Во теснецот патролираат разурнувачи од класата „Арли Бурк“. Тие се високи речиси 10 ката и вооружени со ракети, торпеда и напредни системи.

Во целата операција се вклучени повеќе од 10.000 војници, десетици авиони и повеќе од десетина бродови.

Поврзани содржини