ЅВЕЗДАТА ОД „АМЕРИКАНСКА ПИТА“ ОТВОРИ ОНЛИФАНС Шенон Елизабет почна нова фаза во кариерата на 52 години

Од холивудски секс-симбол, професионален играч на покер и активист за заштита на носорозите, во животот на американската актерка Шенон Елизабет, се случи уште еден голем пресврт - на 52 години, отвори Онлифанс

281

Актерката позната по улогата на Надја во тинејџерската комедија „Американска пита“, повторно е во фокусот на вниманието. Поранешната холивудска миленичка Шенон Елизабет, која публиката најмногу ја памети токму по улогата на фаталната Надја, повторно го привлече вниманието – овојпат со отворање профил на платформата OnlyFans.

Актерката, која денес има 52 години, најави дека таму ќе споделува ексклузивна содржина, што предизвика бројни реакции – од поддршка до изненадување.

Во доцните 90-ти и раните 2000-ти, Шенон Елизабет важеше за една од најатрактивните жени во Холивуд. Освен во „Американска пита“, таа се појави и во филмови како „Scary Movie“, „Jay and Silent Bob Strike Back“ и „Thirteen Ghosts“.

Иако често беше етикетирана како секс-симбол, самата актерка подоцна изјавуваше дека сакала да се дистанцира од тој имиџ и да гради посериозна кариера.

Во еден период целосно се повлече од актерството и се посвети на професионално играње покер. Учествуваше на големи турнири и дури беше сметана за една од посериозните познати личности во светот на покерот.

Покрај тоа, се појавуваше и во ријалити-формати, вклучувајќи го и шоуто „Dancing with the Stars“, каде повторно ја освои симпатијата на публиката.

Можеби најголемата промена во нејзиниот живот беше преселбата во Африка, каде се посвети на заштита на животните. Таа основа организација за спасување и заштита на диви животни, со фокус на носорозите, кои се меѓу најзагрозените видови.

Елизабет повеќепати истакна дека оваа мисија ѝ дала нова смисла на животот, далеку од холивудскиот гламур.

Токму затоа, нејзиното приклучување на OnlyFans изненади многумина. Дел од фановите го гледаат како логичен чекор на жена која самостојно го контролира својот имиџ и кариера, додека други се прашуваат како се вклопува тоа со нејзиниот активистички ангажман.

Сепак, Шенон Елизабет и овојпат покажува дека не се плаши од промени – и дека нејзината приказна далеку од тоа дека е завршена.

Поврзани содржини