НОВИ ГЛАСИНИ ЗА ЉУБОВНИОТ ЖИВОТ НА СЛАВНИТЕ СЕСТРИ Се разгореа приказни за нов славен пар: „Се бакнуваа“
Супермоделот Кендал Џенер и актерот Џејкоб Елорди во центарот на гласините по Коачела, Наводно, парот бил виден како се бакнува на афтерпарти
Неколку дена по долгоочекуваниот настап на Џастин Бибер на фестивалот Coachella, не стивнуваат реакциите – ниту за неговото враќање на сцената, ниту за ѕвездите кои се појавија на најпознатиот музички фестивал на светот.
Вечерта што ја одбележаа старите хитови на Бибер ја засени и неговата сопруга Хејли Бибер, која пристигна во друштво на долгогодишните пријателки од семејството Кардашијан-Џенер.
Ким Кардашијан „тајно“ пристигнала на фестивалот со новиот партнер, шампионот во Формула 1 Луис Хамилтон, кој на својот профил на Инстаграм сподели како уживал во атмосферата.
Lewis Hamilton and Kim Kardashian at Coachella for Justin Bieber’s headline show! pic.twitter.com/JDh9pbPmV0
— deni (@fiagirly) April 12, 2026
Во меѓувреме, Кајли Џенер активно објавуваше содржини од фестивалот, а фановите забележаа дека со неа бил и нејзиниот партнер Тимоти Шаламе.
Но, најголемо изненадување предизвика појавувањето на Кендал Џенер во друштво на Џејкоб Елорди – еден од најбараните актери во моментов.
Популарната трач-страница Deuxmoi објави дека повеќе извори тврдат оти Џенер и Елорди биле видени заедно на афтерпарти по настапот на Бибер, каде наводно разменувале страствени бакнежи.
Иако двајцата се движат во слични ѕвездени кругови, не е познато дали поминувале време заедно и пред фестивалскиот викенд.
Кендал Џенер претходно беше поврзувана со ѕвезди како Бед Бани, Девин Букер и Хари Стајлс.
Од друга страна, Џејкоб Елорди неколку години беше во врска со инфлуенсерката Оливија Џејд, а претходно се забавуваше со Каја Гербер, Зендаја и Џои Кинг.
Како што обично се случува во светот на славните, гласините за нова романса брзо се проширија, иако нема конкретни докази. Извор близок до ѕвездите за „Дејли мејл“ изјавил дека „никој не треба да очекува ова да стане следниот славен пар“, додавајќи дека доцна ноќ на фестивал е ретко почеток на сериозна врска.
Според истиот извор, меѓу нив „постои флерт“, но е малку веројатно дека ќе прерасне во нешто повеќе, делумно поради распоредот и карактерот на актерот.
Други извори тврдат дека двајцата се „пријателски настроени“, додека Кајли Џенер наводно би ја поддржала нивната врска.
– Кајли целосно би ја поддржала оваа комбинација – би имале забавни двојни состаноци и би уживале заедно – вели изворот, алудирајќи на тоа дека и двете сестри би можеле да имаат партнери номинирани за Оскар.
И покрај сите гласини, останува нејасно дали станува збор за краткотраен фестивалски флерт или почеток на нова холивудска приказна.