КИНА СКЛАДИРАЛА ГОЛЕМИ РЕЗЕРВИ НАФТА ЗА ВРЕМЕ НА КРИЗАТА СО ИРАН Американците гневни

Бесант, истовремено, ја обвини Кина за ограничување на извозот на одредени стоки, потсетувајќи дека за време на пандемијата на коронавирусот складирала медицинска опрема, пренесуваат британските медиуми.

394

Американскиот министер за финансии Скот Бесант денеска изјави дека Кина беше несигурен глобален партнер за време на војната на Блискиот Исток бидејќи акумулирала резерви нафта.

Бесант, истовремено, ја обвини Кина за ограничување на извозот на одредени стоки, потсетувајќи дека за време на пандемијата на коронавирусот складирала медицинска опрема, пренесуваат британските медиуми.






Тој во разговор со новинарите рече дека за ова прашање веќе разговарал со кинески претставници, но избегна да одговори на прашањето дали спорот може да го загрози планот на американскиот претседател Доналд Трамп да го посети Пекинг на крајот од месецот, велејќи дека Трамп и кинескиот претседател Ши Џинпинг имаат „многу добри работни односи“.

– Мислам дека стабилноста е пораката за оваа посета. Имаме голема стабилност во односите од минатото лето. Мислам дека комуникацијата е клучна – рече американскиот министер за финансии.

Поврзани содржини