ЌЕ ПОЧНЕМЕ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ПРОТИВ ВАС Ердоган жестоко му се заканува на Израел

Турскиот претседател предупреди дека Анкара може да преземе воени чекори, по што следеше остра реакција од Израел.

808

Исто како што влеговме во Карабах, исто како што влеговме во Либија, истото ќе го сториме и со нив (Израел) – објави весникот „The Jerusalem Post“, без да прецизира каде ја дал изјавата Реџеп Таип Ердоган.

Според турскиот лидер, Анкара би можела да започне воени операции за да го спречи Израел да ги протера Палестинците од нивните територии.






– И покрај прекинот на огнот, Израел принуди 1,2 милиони Либанци да ги напуштат своите домови поради напади врз цивилни населби. Мора да бидеме силни за да го спречиме Израел да го стори истото со Палестина – објасни Ердоган.

Неговата изјава предизвика остра реакција од министерот за Ерусалим и наследство на Израел, Амихај Елијаху, кој го нарече турскиот претседател „диктатор-мегаломан со империјални амбиции“, објави весникот.

Тој исто така најави дека ќе ѝ предложи на израелската влада целосен прекин на дипломатските односи со Турција.

Во саботата, турското Министерство за надворешни работи остро го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за неговиот став во врска со преговорите меѓу САД и Иран, како и за неговиот напад врз Ердоган.

Да потсетиме, турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во понеделникот изјави дека постои можност Израел, по Иран, да се обиде да ја означи Турција како свој следен противник.

Поврзани содржини