4 БРОДОВИ „СЕ ИЗМОЛКНАЛЕ“ И ПОКРАЈ БЛОКАДАТА НА САД Сите се под санкции, лажирале ГПС сигнал?
И покрај американската поморска блокада, четири бродови поврзани со Иран поминале низ теснецот, при што постои сомнеж дека користеле лажни сигнали за да ги прикријат движењата.
Четири бродови поврзани со Иран поминаа низ Ормускиот Теснец и покрај почетокот на американската поморска блокада, покажуваат информациите на Би-Би-Си Верифај.
Можно е овие бродови да емитувале лажни информации за нивната локација, што се нарекува „spoofing“, за да ги прикријат своите движења, пишува медиумот.
Два од бродовите претходно влегле во иранските пристаништа, според „MarineTraffic“. Товарниот брод „Christianna“ поминал низ теснецот во понеделник откако започнала блокадата, откако претходно се закотвил во иранското пристаниште Бандар Имам Хомеини.
Кинескиот „Rich Starry“, кој е под санкции на САД поради трговија поврзана со Иран, пловел кон исток низ теснецот преку ноќ од Шарџа во Обединетите Арапски Емирати.
Танкерот „Murlikishan“, исто така под санкции на САД поради трговија поврзана со Иран, пловел кон запад низ теснецот преку ноќ од кинеското пристаниште Ланшан. Неговата последна регистрирана позиција била источно од иранскиот остров Кешм, според „MarineTraffic“.
Друг танкер, „Elpis“, поминал кон исток низ теснецот во вторник откако пристигнал од иранското пристаниште Бушер, покажуваат податоците. Тој е исто така под санкции на САД и неговата дестинација е непозната.
Во меѓувреме се појави информација дека е погоден товарен брод во Оманскиот Залив. Карго бродот бил погоден од два неидентификувани проектил, соопшти британската агенција UKMTO. На бродот избувнал пожар, а пакистански воен брод пружил помош.
Нападот се случил околу 112 наутички милји југоисточно од Рас Ал Хад во Оман. Не е познато кој стои зад нападот.
Што е „spoofing“?
„Лажирањето“ (spoofing) најчесто се изведува преку манипулација на AIS системот (Automatic Identification System), кој бродовите го користат за да ја прикажуваат својата позиција, брзина и рута. Со специјализиран софтвер или уреди, се испраќаат лажни GPS координати, па бродот на системите изгледа како да е на друго место.
Во некои случаи се користат и т.н. GPS спуфери или софтвер за менување на сигналите, што овозможува целосно прикривање или „исчезнување“ од радарите за следење.