ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд и грмежи
Од вторник до четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за изолирана појава на грмежи. Ќе дува југоисточен ветер кој утре и во вторник ќе биде засилен, долж Повардарието со брзина над 60 км/час. Во петок и во сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 километри на час.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Од вторник до четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за изолирана појава на грмежи. Ќе дува југоисточен ветер кој утре и во вторник ќе биде засилен, долж Повардарието со брзина над 60 км/час.
В петок и в сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.