5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без дозвола, со забрана и со преголема брзина

Полицијата приведе пет возачи низ државата поради безобѕирно возење, дел без дозвола, дел со забрана, а еден со надмината брзина на автопатот „Пријателство“.

357

Пет возачи се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата поради безобѕирно управување со возило, при што дел од нив возеле без дозвола, а други со изречена забрана или со преголема брзина.

Двајца возачи, во Куманово и во Дебар, управувале возило без возачка дозвола. Еден возач на автопатот „Пријателство“ возел со брзина поголема од дозволената.






Двајца, во Кичево и во Чашка, управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана.

„По целосно документирање ќе следуваат кривични пријави“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Поврзани содржини