ГОЛЕМА ИЗЛЕЗНОСТ НА „ДЕН Д“ ВО УНГАРИЈА „Никој сериозно не може да помисли дека нема да победиме“

Никој сериозно не може да помисли дека нема да победиме, изјави главниот ривал на Виктор Орбан, Петер Маѓар. Орбан, пак, рече дека дошол да победи, а на прашањето за можен пораз даде краток одговор: „Голем“.

659

Унгарија гласа на избори што можат да донесат пресврт по 16 години влас. Излезноста е висока уште од раните часови: Тесна е трката меѓу владејачката партија и новата опозиција. Анкетите покажуваат предност за опозициската Тиса, додека резултатот се смета за клучен и за политичките текови во Европа.

Излезноста уште наутро беше значително повисока од претходните избори. Интересот на гласачите е зголемен.






– Дојдов да победам – изјави Виктор Орбан.

На прашањето за можен пораз, даде краток одговор.

– Голем – рече тој.

Неговиот главен ривал изрази увереност во победа.

– Никој сериозно не може да помисли дека нема да победиме – изјави Петер Маѓар.

Анкетите во пресрет на гласањето покажуваат предност за неговата партија.

Првите бројки покажаа речиси двојно поголема излезност од пред четири години. Тоа укажува на зголемена мобилизација кај гласачите.

Според последните анкети, разликата меѓу двете партии е неколку процентни поени. Исходот може да се реши со минимална предност.

Главните бројки на изборниот процес

199 – Вкупен број на пратенички места во парламентот.
106 – Пратеници кои се избираат во едномандатни изборни единици (по принципот на релативно мнозинство).
93 – Пратеници кои се избираат од националните партиски листи (преку пропорционален систем и т.н. „компензациски“ гласови).
100 – Пратеници потребни за формирање просто мнозинство и влада.
133 – „Магичната“ бројка за двотретинско мнозинство, кое овозможува измени на Уставот.

Избирачки список и дијаспора

Според официјалните податоци на Националната изборна канцеларија, право на глас имаат вкупно 7.527.742 граѓани.

496.286 – Избирачи кои гласаат по пошта (главно Унгарци во странство со двојно државјанство).

90.730 – Граѓани пријавени за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва.

Преку 660 – Вкупен број на кандидати во изборните единици.

 

Поврзани содржини