ДВЕ РУНДИ ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ, СЕ ОЧЕКУВА ТРЕТА Иран и САД вечерва или утре продолжуваат со нова средба
Во Исламабад се одржаа две рунди разговори меѓу Иран и САД, а третата се очекува наскоро, додека трилатералните разговори со Пакистан продолжуваат.
Две рунди преговори меѓу Иран и Соединетите Американски Држави веќе се одржани во Исламабад, а се очекува трета рунда да се одржи вечерва или утре, објави иранската државна телевизија.
„Според информациите доставени до дописникот на државната телевизија од лице блиско до преговарачкиот тим, уште една рунда преговори веројатно ќе се одржи вечерва или утре“, наведува медиумот.
Во меѓувреме, Белата куќа соопшти дека трилатералните разговори на високо ниво со Иран и Пакистан се во тек.
Претходно денеска, претставник на Белата куќа изјавил дека разговорите во Исламабад се водат директно, без посредници, со американски, ирански и пакистански претставници.
Разговорите се сметаат за први на највисоко ниво од Исламска револуција во Иран, и доаѓаат по повеќе од еден месец конфликт кој започна со воздушни напади врз Иран.
Како одговор, Техеран испали балистички ракети кон цели во регионот и го затвори Ормуска Теснина – еден од најзначајните нафтени коридори во светот.