„ИМАМЕ ПОВЕЌЕ НАФТА ОД СИТЕ“ Празни танкери се упатуваат кон Америка, тврди Трамп
Доналд Трамп тврди дека празни нафтени танкери се упатуваат кон САД, додека истовремено предупредува за тензиите околу Ормусиот Теснец.
Претседателот на Доналд Трамп изјави дека голем број празни нафтени танкери се упатени кон Соединетите Американски Држави со цел да се снабдат со американски енергенси.
Во објава на социјалната мрежа „Truth Social“, Трамп наведе дека станува збор за некои од најголемите танкери во светот кои доаѓаат по „најквалитетната“ нафта и гас.
– Ние располагаме со повеќе нафта отколку следните две најголеми нафтени економии заедно, и тоа со повисок квалитет – рече тој.
Оваа изјава доаѓа во период на интензивни меѓународни тензии поврзани со енергетските текови и конфликтот меѓу САД и Иран, при што дел од разговорите се водат во Исламабад.
Претходно оваа недела, Трамп порача дека Иран не смее да наметнува такси за танкерите кои поминуваат низ Ормускиот Теснец, предупредувајќи дека евентуална блокада би можела да предизвика сериозни нарушувања во глобалните енергетски текови.