ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца странци

Двајца странски државјани, од Швајцарија и Германија, се лишени од слобода во битолско откако, според полицијата, физички нападнале службени лица од СВР Битола додека извршувале службени дејствија во село Свето Тодори.

258

Двајца мажи, на возраст од 36 и 40 години, со државјанство на Швајцарија и Германија и престој во битолското село Свето Тодори, се уапсени откако нападнале полициски службеници за време на интервенција.

Инцидентот се случил на 10 април 2026 година околу 16:00 часот, кога полициски службеници од СВР Битола извршувале службени дејствија на терен. Според информациите од полицијата, во тој момент двајцата мажи физички се пресметале со службените лица.






По нападот, тие веднаш биле лишени од слобода и задржани во полициска станица.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против двајцата осомничени.

Поврзани содржини