ТЛОТО СЕ СТРЕСЕ КАЈ ДЕЛЧЕВО И БЕРОВО Граѓаните разбудени по полноќ од земјотрес од 3,1 степени
Потрес со магнитуда 3,1 степени по Рихтер е регистриран во подрачјето Делчево – Берово и почувствуван во Пехчево и околината.
Земјотрес со јачина од 3,1 степени по Рихтер ноќеска беше почувствуван во источниот дел на државата.
Според информациите на Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математички факултет, потресот се случил во 00:22 часот, а епицентарот бил во подрачјето меѓу Делчево и Берово, околу 120 километри југоисточно од Скопје.
Земјотресот бил почувствуван од жителите на Пехчево, Берово и околните населени места, со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема информации за причинета материјална штета.