ЗАД ВОЛАН СЕДНАЛЕ ПИЈАНИ, БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Фатени 10 возачи што дивееле на патиштата
Дел од возачите биле без дозвола, други под дејство на алкохол, а имало и случаи на пречекорена брзина и активна забрана за возење.
Десет возачи биле приведени во текот на изминатото деноноќие низ државата поради опасно и безобѕирно управување со возило. Дел од нив немале возачка дозвола, други возеле под дејство на алкохол, а имало и случаи на сериозно пречекорување на брзината.
Четворица возачи биле затекнати без возачка дозвола во Берово, Гостивар, Битола и Скопје.
Полицијата привела и возачи кои возеле пребрзо во гевгелиско и во Делчево, додека во Неготино бил запрен возач кој управувал автомобил иако имал активна забрана за возење.
Дополнително, тројца возачи биле фатени под дејство на алкохол во Куманово, валандовско и гевгелиско.
По целосно расчистување на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни пријави. Од полицијата потсетуваат дека непочитувањето на правилата сериозно ја загрозува безбедноста и апелираат возачите да не седнуваат зад волан без дозвола, под дејство на алкохол или со изречена забрана.