АКО ЕУ Е ВОЕН СОЈУЗ, ЗОШТО ДА СЕ ПРИКЛУЧИ КИЕВ? Медведев бара поостар тон од Москва
Москва треба да го напушти толерантниот став кон членството на Украина во ЕУ, смета Медведев. Тој предупредува дека Унијата се трансформира во воен сојуз непријателски кон Русија.
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев порача дека Москва треба да го напушти „толерантниот став“ кон членството на Украина во Европската Унија.
– ЕУ повеќе не е само економска унија. Може да се трансформира, и тоа доста брзо, во полноправен воен сојуз, отворено непријателски настроен кон Русија и во некои аспекти полош од НАТО. Време е да се откажеме од толерантниот став кон нашите соседи кои се приклучуваат кон она што сега е воено-економска Европска Унија – рече Медведев кој сега ја извршува функцијата заменик-претсеател на Советот за безбедност на Русија.
Според Медведев САД нема да го напуштат НАТО, но смета дека може да има симболични потези. Тој вели дека ова може да значи намалување на бројот на американски војници во други земји членки.
Рускиот функционер оцени дека внатрешните поделби во НАТО може да ја туркаат ЕУ кон поголема воена улога. Според него, тоа би значело дека ЕУ постепено ќе се трансформира од економска во поширока геополитичка сила.