ТРИ ГОЛЕМИ СИЛИ ЈА КОЧАТ РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА ОРМУЗ Теснецот не смее да биде насила отворен, сметаат Париз, Пекинг и Москва

Русија, Кина и Франција ја блокираат резолуцијата што предвидува употреба на сила за отворање на Ормускиот теснец. Нацртот веќе е во четврта верзија по недели преговори, но главната реченица останува главен камен на сопнување. Иран во меѓувреме воспоставува контрола врз преминот и разгледува можност да им наплаќа за бродовите.

292

Русија, Кина и Франција се спротивставија на резолуција во Советот за безбедност на Обединетите Нации која предвидува употреба на сила за отворање на Ормускиот теснец. Спорниот дел е во формулацијата дека се дозволуваат „сите потребни средства“, што предизвика остри поделби меѓу големите сили.

Нацртот веќе е во четврта верзија по недели преговори, но главната реченица останува главен камен на сопнување, пишува „Њујорк Тајмс“.






„Сите потребни средства“

Според дипломатски извори, најголем отпор предизвикала токму клаузулата што им дава на државите можност да користат сила за обезбедување пловидба.

Русија, Кина и Франција, како постојани членки со право на вето, одбиле да ја поддржат ваквата формулација. Поделби имало и меѓу непостојаните членки на Советот.

„Средни сили против големите“

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на обединување на т.н. „средни сили“ против САД и Кина.

Тој ја истакнал оваа позиција за време на посетата на Азија, каде разговарал за безбедноста на пловидбата во Теснецот и енергетските последици од кризата.

Медиумите објавија и дека Франција и Јужна Кореја работат на решение за состојбата во Ормуз.

„Иран ја затвора клучната рута“

Ормускиот теснец е една од најважните енергетски артерии во светот, низ која минува значителен дел од глобалната трговија со нафта и гас. По почетокот на војната, Иран практично го ограничи сообраќајот.

Преминот засега е возможен само на одобрени бродови и земји со кои Иран има добри односи, како Русија и Кина. Денеска беше објавени и дека фанцуски брод успеал да го премине Теснецот со дозвола од Техеран, додека земји како Пакистан договориле премин.

„Премин само со дозвола“

Иран воспоставува систем на контрола при кој бродовите мора однапред да добијат одобрение за движење низ Теснецот. Во исто време, се разгледуваат планови за воведување патарина за премин, што дополнително ја зголемува загриженоста кај глобалните пазари.

Парламентот на Иран неодамна објави нацрт-закон со кој се предвидува воведување наплатни рампи за премин.

Овие мерки го засилуваат притисокот врз снабдувањето со енергија и ги туркаат цените нагоре.

Иранскиот министер за надворешни работи Сејед Абас Аракчи, во телефонски разговор со својот руски колега Сергеј Лавров, предупреди дека усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации во врска со Ормускиот теснец само по себе ќе стане дел од проблемот.

Поврзани содржини