ВОЗЕЛ ПИЈАН И БЕЗ ДОЗВОЛА, ПРЕДИЗВИКАЛ ТЕШКА СООБРАЌАЈКА Уапсен возач од Берово
Беровчанецот Ѓ.А. го управувал возилото „форд“ без возачка дозвола, а алкотестот покажал 1,46 промили алкохол во крвта.
Возач од Берово е упасен вчера вечерта откако пијан и без возачка дозвола предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат од Берово кон селото Дабиље, во која има тешко повредени.
Инцидентот се случил на местото викано „Ширината“, во атарот на Берово, каде што околу 17:48 часот се судриле „форд“ управуван од Ѓ.А. (37) и „шкода“ зад чиј волан бил А.Г. (40), двајцата од Берово.
Судирот оставил сериозни последици. Сопатникот во „фордот“, Џ.Д. (49), се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот на „шкодата“ А.Г. поминал со полесни повреди, потврдени во Општата болница во Кочани.
Полицискиот увид открил сериозни прекршувања. Ѓ.А. управувал без возачка дозвола, а алкотестот покажал 1,46 промили алкохол во крвта. По насоки на јавен обвинител, тој бил веднаш лишен од слобода, а возилото му е одземено. По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.