ВО РОСТУШЕ УАПСЕНА ЖЕНА БАРАНА СО ПОТЕРНИЦА Треба да одлежи 5 години и 6 месеци во затвор

Акцијата е спроведена врз основа на судска наредба и активна потерница за издржување затворска казна.

501

Вчеравечер, околу 09:00 часот, полициски службеници од Полициската станица Ростуше ја уапсија А.А. (45) од село Скудриње, општина Маврово и Ростуше, по која била распишана потерница за издржување затворска казна.

Акцијата е спроведена врз основа на судска наредба и активна потерница, со која на осудената ѝ е изречена казна затвор од пет години и шест месеци за сторено кривично дело согласно член 190 и член 45 од Кривичниот законик, информира МВР.






Во информацијата не е наведено за што точно е осудена уапсената А.А. Членот 19 дефинира кривично дело „обљуба со злоупотреба на службена положба“, а членот 45 зборува дека делото било извршено „во обид“, односно не е довршено.

По лишувањето од слобода, А.А. веднаш е спроведена во казнено-поправна установа за издржување на казната, се вели во соопштението на МВР.

Поврзани содржини