ВЕНЕЦИЈА НАПЛАЌА ДНЕВНА ВЛЕЗНИЦА ОД 10 ЕВРА Лани градот од овој проект заработи 5,4 милиони евра

Цената за оние кои ќе резервираат најмалку три дена однапред е 5 евра, а гостите кои ќе преноќат во градот се ослободени од плаќање влезница, но сепак мора да платат туристичка такса за секоја ноќ помината таму.

63

Венеција од денеска продолжува да наплаќа влезница од 10 евра за еднодневна посета на градот, објавува германската агенција dpa.

Цената за оние кои ќе резервираат најмалку три дена однапред е 5 евра, а гостите кои ќе преноќат во градот се ослободени од плаќање влезница, но сепак мора да платат туристичка такса за секоја ноќ помината таму.






Контроверзниот проект, кој првично беше само пробен, сега влегува во третата година.

Минатата година се регистрираа над 720.000 дневни посетители, што му донесе на градот приход од 5,4 милиони евра.

Сепак, многумина избегнаа плаќање влезница, а чековите досега беа ограничени.

Целта на собраните пари е да се помогне во подоброто управување со масовниот туризам во градот, познат низ целиот свет по своите канали и палати, плоштадот Свети Марко и мостот Риалто.

Поврзани содржини