🎥 СПЕКТАКУЛАРНО СВЕТЛОСНО ШОУ НА АЈФЕЛОВАТА КУЛА ВО ЧЕСТ НА СЕЛИН ДИОН 9 милиони луѓе се обиделе да купат карти за концертите во Париз

Дури 9 милиони луѓе се регистрирале во обид да обезбедат карти за концертите на пејачката во Париз, што би можело да претставува светски рекорд, а нејзините обожаватели беа почестени со спектакуларно светлосно шоу на Ајфеловата кула во чест на враќањето на Селин Дион на сцената

113

Пред неколку дена (на 30 март), обожавателите на Селин Дион во Париз беа почестени со спектакуларно светлосно шоу на Ајфеловата кула во чест на долгоочекуваното враќање на канадската пејачка на сцената оваа есен.

Настапот ги содржеше нејзините култни песни, вклучувајќи ја и преработката на „Hymne à l’amour“ од Едит Пјаф, која ја изведе на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз 2024. Обожавателите се собраа на плоштадот Трокадеро, пеејќи ги песните, возбудени пред претстојните концерти на Дион.






Поп-легендата закажа 10 концерти во Париз во текот на септември и октомври, што го означува нејзиното враќање по двегодишна пауза поради реткото невролошко нарушување, синдромот на вкочанета личност.

Според француските медиуми, нејзиното враќање на сцената предизвикало невиден интерес, а побарувачката за влезници се опишува како историска.

– Ова е лудило, историски момент – изјавија од продукцијата ден по објавата на Селин Дион за претстојните концерти во Париз, додавајќи дека системот за продажба на билети издржал огромен притисок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Имено, дури 9 милиони луѓе се регистрирале во обид да обезбедат карти, што би можело да претставува светски рекорд. Само еден час по објавувањето на видеото на пејачката, на нејзината официјална страница чекале околу 500.000 луѓе, додека до следниот ден бројот на пријавени надминал еден милион. Во меѓувреме, биле регистрирани и повеќе од 10 милиони обиди за пристап преку т.н. „ботови“, кои се користат за препродажба на билети на црниот пазар. Организаторите нагласуваат дека токму поради вакви злоупотреби, воведени се строги системи за проверка.

За десетте концерти во продажба се вкупно 330.000 билети, со оглед на тоа што арената има капацитет од 33.000 посетители по вечер. Цените се движат од 89,5 до 298,5 евра.

Поврзани содржини