ГУТЕРЕШ СО АЛАРМАНТНА ПОРАКА Блискиот Исток е на раб на голема војна

Генералниот секретар на ОН повика на итна деескалација и предупреди дека продолжувањето на конфликтот може да доведе до глобални последици.

275

Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединети нации, предупреди дека Блискиот Исток се наоѓа на раб на поголема војна и повика на итна деескалација на тензиите.

Тој апелираше за прекин на израелските и американските напади врз Иран, како и на нападите што ги изведува Иран врз соседните држави, нагласувајќи дека конфликтот може да има глобални последици.






– На работ сме на голема војна на Блискиот Исток, која ќе има драматични последици за целиот свет. Многу аспекти на конфликтот се нејасни, но едно е јасно: ако војната продолжи, таа ќе ескалира уште повеќе. Спиралата на смртта и уништувањето мора да се прекине – порача Гутереш.

Според него, продолжувањето на судирите ризикува дополнително проширување на конфликтот во регионот, што би влијаело врз глобалната безбедност и стабилност.

Поврзани содржини