ПЕТ ДЕЦА ОД ТРИ ВРСКИ Кои се и што работат децата на Харисон Форд?

Харисон Форд е татко на пет деца од три различни врски, а интересно е тоа што помеѓу неговиот најстар и најмлад син постои разлика од 35 години. Славниот актер сега отворено признава дека веројатно би бил многу подобар родител доколку имал помалку успешна холивудска кариера.

113

Славниот актер го добил своето прво дете во раните дваесетти години, долго пред да стане холивудска ѕвезда и да почне да работи на франшизата „Војна на ѕвездите“. Поради неговите актерски обврски, тој често бил отсутен од дома, а самиот признава дека веројатно би бил подобар родител доколку имал помалку успех во својата работа.

– Поприсутен градинар е подобар родител, а јас го поминав поголемиот дел од мојот живот надвор од градот, премногу фокусиран на себе – искрено изјави Харисон Форд.






Бенџамин Форд (59)

Најстариот син, Бен, е роден во 1966 година од првиот брак на Форд со илустраторката Мери Маркарт. Иако во младоста бил целосно посветен на бејзболот, по сериозна повреда се свртел кон готвењето и станал успешен готвач. Тој е сопственик на ресторанот „Ford’s Filling Station“ и автор на книга за готвење. Во март 2024 година, тој официјално го финализирал разводот од сопругата Емили, со која бил во брак 14 години и со која има два сина, Итан и Вејлон.

Фото: Принтскрин

 

Вилард Форд (56)

Второто дете од бракот со Маркарт, синот Вилард, е роден во 1969 година. Како и неговиот постар брат, и тој ги заобиколил водите на шоубизнисот. Дипломирал американски студии на Универзитетот во Санта Круз и сега е успешен претприемач.

Тој е сопственик на спортската сала Strong Sports Gym во Лос Анџелес, а претходно го поседувал и Kim Sing Theatre, место каде што се одржувале настани за големи брендови како Nike, BMW и Pepsi. Вилард има две деца, Елиел и Џулијана.

Малколм Форд (38)

Во својот втор брак, со сценаристката Мелиса Матисон, Форд го доби синот Малколм во 1987 година. Тој ја избра индустријата за забава, но како професионален музичар. Тој беше главен вокал на бендот The Dough Rollers, кој ги отвори настапите на Боб Дилан и Queens of the Stone Age. Интересно е што Џек Бирн, син на актерката Елен Баркин, исто така свиреше во бендот.

Џорџиа Форд (35)

Единствената ќерка на Форд, Џорџиа, е родена во 1990 година. Таа ги следеше стапките на својот татко во глумата и доби улоги во филмови како „Вистинска приказна“ и „Американ милкшејк“. Нејзиниот живот беше обележан со тешка борба со епилепсијата, за која актерот зборуваше трогателно во 2016 година.

– Ѝ се восхитувам за толку многу работи. На нејзината упорност, талент и сила. Таа е мојата хероина. Ја сакам.

За да помогне во истражувањето на болеста, Форд ја продаде на аукција својата култна јакна на Хан Сол.

Фото: Принтскрин

 

Лиам Флокхарт Форд (25)

Најмалото дете, Лиам, го посвоила актерката Калиста Флокхарт во 2001 година, а Форд подоцна официјално го посвоил и самиот. Одгледувањето на својот најмлад син на подоцнежна возраст му дало на Форд нова перспектива.

Во интервју за „Reader’s Digest“ кога Лиам имал седум години, Форд зборувал за тоа колку е благодарен што има можност да одгледа уште едно дете.

– Таа го врати детето во мојот дом – рекол Харисон во знак на благодарност на својата сопруга Калиста Флокхарт.

Во 2020 година, Форд и Флокхарт беа видени како го носат на колеџ, а тој пристигна на сосема поинаков начин од неговите врсници – неговиот татко го однел на училиште со својот приватен авион.

Форд е познат по својата љубов кон летањето, но има една застрашувачка активност за која вели дека Лиам го наговорил да ја прави. Во интервју со Елен Деџенерес, актерот откри дека скокал со падобран затоа што Лиам „го сакал тоа“. Тој додаде: „Но, беше забавно, беше одлично. Ми се допадна.“

Форд рече дека разговарале за тоа повторно да го направат тоа, напоменувајќи дека за тоа „не разговараат со неговата мајка“.

Фото: Принтскрин

 

 

Поврзани содржини