ТАГ УРЕДОТ Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ЗА КАМИОНИТЕ КОИ МИНУВААТ НИЗ СРБИЈА Камионџиите мора да платат патарина и на обиколницата на Белград

Камионите повеќе не мора да застануваат на наплатните рампи, што значително ги намалува застојот, особено на високофреквентните делници и меѓународните коридори.

83

Во Србија од денеска, сите возачи на камиони се должни да користат TAG уред за електронска наплата на патарина. Исто така од денеска се наплаќа патарина за камиони и на обиколницата околу Белград.

Една од главните причини за воведување на задолжителен TAG уред за електронска наплата на патарина за камиони е забрзување на протокот на сообраќај. Камионите повеќе не мора да застануваат на наплатните рампи, што значително ги намалува застојот, особено на високофреквентните делници и меѓународните коридори.






Друга важна предност е попрецизната и потранспарентна наплата на патарина. На овој начин, државата има подобра контрола врз приходите, додека транспортните компании можат полесно да ги следат и планираат трошоците, објави РТС.

-Воведувањето на TAG уредите е дел од пошироката дигитализација и модернизација на сообраќајната инфраструктура во Србија – велат од „Патишта на Србија“.

Поврзани содржини