БЕБЕ ВО КОЛИЧКА ЗАСТРЕЛАНО ВО ЊУЈОРШКАТА НАСЕЛБА БРУКЛИН Невина жртва на пресметка меѓу криминалци

Нема зборови што можат да ја излечат болката на семејството. Едвај започнат живот е одземен во миг - рече градоначалникот на Њујорк Зохран Мамдани.

119

Седуммесечно бебе во количка смртно настрада при пукотница во њујоршката населба Бруклин.

Инцидентот се случил кога маж од мопед во движење пукал кон група луѓе на тротоар на улица во Бруклин.






Првичните проценки на полицијата се дека пукотницата што се случила вчера во попладневните часови е пресметка на банди, а бебето е случајна жртва.

– Нема зборови што можат да ја излечат болката на семејството. Едвај започнат живот е одземен во миг – рече градоначалникот на Њујорк Зохран Мамдани пред медиумите во близина на местото на инцидентот.

На мопедот имало двајца мажи, од кој едниот пукал кон група луѓе на тротоарот. По пукотницата мопедот удил во автомобил, при што едниот од напаѓачите се здобил со повреди и е задржан во болница, додека другиот побегнал и по него се трага.

Поврзани содржини