ЕЈМИ ШУМЕР УЖИВА ВО СВОЈОТ НОВ ОДРАЗ ВО ОГЛЕДАЛОТО Актерката се пофали на Инстаграм со фотографија во костим за капење и 22 килограми помалку
Иако причината поради која актерката драстично ослабна е нејзината дијагноза - Кушингов синдром, а не самата потреба да изгледа секси, очигледно е дека нема ништо против ова второто
Иако е веќе познато дека актерката Ејми Шумер ослабна 22 килограми, промената во нејзиниот изглед која е очигледна од секоја нејзина нова фотографија, остава многумина без зборови.
Шумер стана ѕвезда на социјалните мрежи откако ослабе, а потоа и поради разводот од Крис Фишер. Таа ги избриша сите свои стари фотографии на Инстаграм, оставајќи ги само оние со нејзиниот нов изглед.
Сега таа повторно се огласи објавувајќи селфи во едноделен костим за капење, а вниманието на јавноста го привлече нејзината видливо слаба фигура.
Ејми призна дека нејзиното слабеење се должи на лековите за слабеење, но и дека една од причините поради кои решила да ослабне била – „за да преживее“.
Имено, актерката страда од Кушингов синдром, кој се јавува кога телото има вишок на хормонот кортизол подолго време, што на крајот доведува до прекумерно зголемување на телесната тежина.