НАД 1.000 ПРОЕКТИ СЕ ИЗВЕДУВААТ НИЗ ДРЖАВАТА, ВЕЛИ МИЦКОСКИ Историска реализација на капиталните инвестиции во првиот квартал

Во првиот квартал од годината имаме реализација на капитални инвестиции и коишто е поголема од 31/32% историски високо ниво и очекувам до крајот на годината не само што ќе ги реализираме туку и да го наголемиме бројот на капиталните инвестиции, изјави премиерот честитајќи им на градоначалникот и на сите кои ја поддржале реконструкцијата на културниот дом во скопската населба Ченто.

92

Државата денеска е едно големо градилиште, повеќе од 1.000 проекти се изведуваат на различни локации, изјави премиерот Христијан Мицкоски од Гази Баба каде беше пуштен во употреба реконструираниот културен дом „11 Октомври“. Мицкоски истакна дека „ова е историско нешто“ заедно со, како што вели, историски високото ниво на реализација на капитални инвестиции којашто е поголема од 31-32%.

– Во првиот квартал од годината имаме реализација на капитални инвестиции и коишто е поголема од 31/32% историски високо ниво и очекувам до крајот на годината не само што ќе ги реализираме туку и да го наголемиме бројот на капиталните инвестиции – вели премиерот.






Мицкоски вели дека е исклучително задоволен што после околу една година откако е почната реконструкцијата се пушта во употреба репрезентативен културен објект во населбата Ченто во Гази Баба и посака да се отворат уште многу такви низ државата.

Премиерот им честиташе на градоначалнкот, советниците и на пратениците и сите што ја поддржалеработата на градоначалникот.

Фото: Влада
Фото: Влада
Поврзани содржини