📷 ВОДНО СЕ УРЕДУВА, ЃОРЃИЕВСКИ НАЈАВИ НОВА ОПРЕМА Во текот на летото ќе дежураат спасители-волонтери

Град Скопје започна акција за уредување на Водно со кастрење на зеленилото, реконструкција на патеките и урбаната опрема. Воведено е и присуство на спасители за поголема безбедност на посетителите.

898

Град Скопје започна засилени активности за уредување на Водно, во пресрет на периодот кога се очекува зголемена посетеност. Акцијата опфаќа уредување на зеленилото, патеките и урбаната опрема.

„Водно е местото каде што граѓаните го наоѓаат својот мир, свеж воздух и природна убавина што го збогатува секојдневието“, посочи градоначалникот Орце Ѓорѓиевски велејќи дека оваа парк-шума е засолниште и инспирација за скопјани, поради што се преземаат конкретни чекори за нејзино унапредување.






Во тек е акција за кастрење на нараснатата вегетација и расчистување на просторот. Паралелно се уредуваат велосипедските патеки.

Патеките се со ширина од 2,5 до 3 метри и вкупна должина од околу 5 километри, со што се подобрува безбедноста и удобноста за посетителите.

„Издаден е налог до ЈП ‘Паркови и зеленило’ за целосна реконструкција на урбаната опрема – клупи, канти, мостчиња и патеки“, вели Ѓорѓиевски.

Целта е Водно да добие уреден и современ изглед, со подобри услови за рекреација.

Градоначалникот најави и дека во соработка со Црвениот крст, во текот на летото ќе има постојано присуство на спасители-волонтери. Тие ќе бидат подготвени да интервенираат во случај на несреќи или итни ситуации.

Активностите ги реализираат екипи од јавните претпријатија, кои работат со зголемен интензитет на одржување и заштита на просторот.

„Остануваме посветени на заштитата и унапредувањето на Водно како едно од најзначајните природни богатства“.

Поврзани содржини