СТОПИРАНА ГРАДБАТА НА БАЛСКАТА САЛА НА ТРАМП Претседателот не смеел да руши во Белата куќа оти не ја поседува

Судија го запре проектот на Трамп за балска сала вредна 400 милиони долари во Белата куќа, оценувајќи дека немал овластување за рушење без одобрение од Конгресот. Во одлуката се вели дека Трамп е управител, но не и сопственик на Белата куќа.

261

Американски судија го стопираше проектот на Доналд Трамп за изградба на балска сала вредна 400 милиони долари во Белата куќа. Окружниот судија Ричард Леон оцени дека претседателот нема овластување да го сруши Источното крило без одобрение од Конгресот.

Со привремена забрана градбата е ставена во мирување.






Тужбата ја поднел Националниот фонд за зачувување на историските добра на САД.

„Тој не е сопственик“ 

„Претседателот на Соединетите Американски Држави е управител на Белата куќа за идните генерации. Сепак, тој не е сопственик!“, напиша судијата Леон.

Во одлуката се наведува дека ниту еден федерален закон не му дава право на претседателот да го сруши објектот и да гради нов, дури и со приватни средства.

Трамп возвраќа, најавува жалба

Министерството за правда на САД веднаш поднесе жалба до апелацискиот суд во Вашингтон.

Трамп остро реагираше на својата социјална мрежа „Truth Social“.

„Мојата балска сала чини помалку и се гради побрзо од очекуваното, без трошоци за даночните обврзници и ќе биде најдобрата во светот“, напиша тој.

Тој го нарече фондот кој го тужеше „група левичарски луди луѓе“ и оцени дека судијата „тотално греши“.

Фондацијата слави, Белата куќа во фокус

Од друга страна, директорката на Националниот фонд за зачувување на историските добра на САД.

– Ова е победа за американскиот народ на проект што засекогаш ќе влијае на едно од најзначајните места во нашата нација – изјави Керол Квилен.

Источното крило, изградено во 1902 година и проширено под Франклин Д. Рузвелт, беше срушено за да се направи простор за новата сала.

Правна битка во тек, проектот неизвесен

Проектот од 90.000 квадратни метри ќе остане замрзнат додека трае судската постапка.

Трамп тврди дека и претходно имало градби во Белата куќа без одобрение од Конгресот, особено кога не се користеле јавни средства.

– Многу работи се изградени во Белата куќа без одобрение од Конгресот – рече Трамп.

Поврзани содржини