ЗЕЛЕНСКИ ПОБАРА ВЕЛИГДЕНСКО ПРИМИРЈЕ, ДОБИ ОДГОВОР „Преземи одговорност, примирје не е доволно“

Украинскиот лидер предложи велигденско примирје, но Кремљ ја отфрли понудата со порака дека Москва бара целосен мировен договор. Истовремено Кремљ испрати нови предупредувања за ескалација доколку други земји ѝ дозволат на Украина да користи нивен воздушен простор за напади со дронови.

334

Украинскиот претседател  предложи можност за велигденско примирје, но Кремљ реагираше студено и без подготвеност за таков чекор.

– Во изјавите на Зеленски што ги прочитавме, не видовме никаква јасно формулирана иницијатива во врска со велигденското примирје – изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.






Тој додаде дека Русија не се залага за краткорочни прекини, туку за сеопфатен мировен договор.

– Зеленски мора да преземе одговорност и да донесе соодветна одлука за да постигнеме мир, а не само примирје – додаде Песков.

Зеленски претходно изјави дека Украина е подготвена да ги намали нападите врз рускиот енергетски сектор, но само ако Русија престане со напади врз украинската инфраструктура.

Тој посочи дека вакви сигнали дошле и од сојузниците, особено поради растот на цените на енергијата на глобално ниво.

„Русија сака долга војна“ 

Во интервју за „Аксиос“, Зеленски предупреди дека продолжениот конфликт на Блискиот Исток, особено со Иран, може да ѝ одговара на Русија.

– Сигурен сум дека Русија сака долга војна. Тие имаат придобивки. САД се фокусираат на Блискиот Исток и може да ја намалат помошта за Украина – рече Зеленски.

Тој додаде дека руската економија добива поттик од високите цени на нафтата и од делумното олеснување на санкциите.

„Русија му дава снимки на Иран“

Зеленски тврди дека Украина споделила разузнавачки информации со партнери од Блискиот Исток за руската поддршка на Иран.

Според него, Москва обезбедува сателитски податоци и оперативно искуство, што може да се користи против западни цели.

„Ќе реагираме“ 

Од Кремљ исто така стигна предупредување дека ќе одговори ако други земји ѝ дозволат на Украина да користи нивен воздушен простор за напади со дронови.

– Доколку се отстапи воздушен простор за непријателски активности против Руската Федерација, ќе преземеме соодветни мерки – изјави Песков.

Руската армија, според него, внимателно ја следи ситуацијата и подготвува одговори.

Поврзани содржини