УКРАИНА ИМА СЕКСИ КОНЗУЛКА ВО ДОМИНИКАНСКАТА РЕПУБЛИКА Дипломатката Викторија Јакимова е некогашен модел, се сликала со и без бикини

Викторија Јакимова, 37-годишна поранешна манекенка од Украина, од неодамна извршува дипломатска функција во Доминиканската Република, што предизвика лавина од реакции

236

Поранешна украинска манекенка стана конзул на Украина во Доминиканската Република. 37-годишната Викторија Јакимова живее во Доминиканската Република од 2014 година и била во брак со државјанин на таа земја.

По неуспешната љубовна врска со маж чиј идентитет не го откри, таа останала да живее во Доминиканската Република, каде што сега ќе ја извршува гореспоменатата политичка функција.






Нејзината нова дипломатска улога предизвика неверица во Киев, особено затоа што провокативни фотографии од Јакимова сѐ уште може да се најдат на нејзините социјални мрежи, како и на интернет, често во костим за капење или целосно гола.

Иако не сме навикнати да гледаме носители на политички функции во вакви провокативни изданија, Јакимова нагласува дека не се срами од своите поранешни фотографии со провокативен карактер.

Како што нагласи на своите социјални мрежи, таа тврди дека никогаш не се обидела да го скрие своето минато како модел и верува дека модерната, независна жена има право да постигне успех во професијата што ја избира, но и да го промени правецот на сопствениот развој и личен напредок.

И покрај нејзиниот помирувачки тон, дел од јавноста реагираше многу критички. Една од погласните критичарки, украинската инфлуенсерка Марина Данилчук, коментираше дека комбинацијата од дипломатска функција и кариера како модел ѝ изгледа доста необична.

Таа иронично додаде дека Украина е очигледно богата со разновидни таленти.

Поврзани содржини