ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ На Водно ќе се одржи трка

Утре со почеток во 10 часот, во Скопје, ќе се одржи атлетска трка на 10 километри со траса на движење од Средно Водно до паркингот на манастирот Св. Пантелејмон и обратно, соопшти МВР.

71

Во Скопје утре од 10 часот ќе има посебен режим на сообраќај поради атлетска трка.

„Утре со почеток во 10 часот, во Скопје, ќе се одржи атлетска трка на 10 километри со траса на движење од Средно Водно по регионалниот пат Р2138 до паркингот на манастирот Св. Пантелејмон и обратно“, соопшти МВР.






Министерството за внатрешни работи посочува дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Поврзани содржини