ДОВЕРБАТА ОД ГРАЃАНИТЕ НЀ МОТИВИРА УШТЕ ПОВЕЌЕ ДА РАБОТИМЕ Владата прави сè што е во нејзина моќ да испорача резултати

Јас како човек, ќе сторам сè што е во моја моќ да испорачаме што е можно повеќе за граѓаните, чуда никогаш не сме ветувале многу работа, само напорна работа, како никогаш досега и што е можно повеќе политики, реформи за подобра иднина, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со анкетата, на која неговата партија ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред останатите политички партии.

190

Владата прави сè што е во нејзина моќ да испорача резултати, и покрај катастрофалната состојба наследена од претходната влада, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со анкетата, на која неговата партија ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред останатите политички партии.

– Како ВМРО-ДПМНЕ и како Влада правиме сè што е во наша моќ да испорачаме, и јас лично што е можно повеќе за граѓаните. За жал, состојбата која што ја наследивме од претходната влада е ужасна, катаклизмична. Грешките кои што се таложеле со децении и погрешните политики кои што имале негативен ефект врз државата се големи. Ресурсите се, за жал, многу мали како резултат на тие погрешни политики. И ние работиме врз основа на приоритети – рече Мицкоски по настанот под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“.






Премиерот истакна дека бројките значат само дополнителна мотивација за работа.

– Овие бројки само треба да нè мотивираат дополнително да работиме. Ова се само поголема одговорност и за мене како претседател на Владата, но и како ВМРО-ДПМНЕ, како носечка партија во рамките на владината коалиција. Во јавноста знаете, од страна на опозицијата се испраќаат погрешни пораки, би рекол, невистинити пораки. Пораки навредувачки, пораки кои што имаат намера да растураат пердуви и по теркот на оние пи-ар стратегии колку фати, фати, колку не фати, тоа е тоа – посочи тој.

Ние сме сериозна државотворна партија, така и се однесуваме во Владата, додаде премиерот.

– Јас како човек, ќе сторам сè што е во моја моќ да испорачаме што е можно повеќе за граѓаните. Чуда никогаш не сме ветувале. Ако ги игнорираме оние лажни изјави од страна на опозицијата, за наводни наши ветувања кои што никогаш не сме ги кажале. Ние водевме кампања и во 2024, и во 2021, и во 2025 година дека чуда не ветуваме, чуда се невозможни, оној кој што ветува чуда не ја говори вистината, ги манипулира граѓаните. Ветуваме многу работа, напорна работа, работа како никогаш досега и што е можно повеќе политики, реформи за подобра иднина на граѓаните – нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Последното истражување на јавното мислење на МКД.мк и агенцијата Маркет вижн за рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, спроведено од 2 до 18 март, покажува дека граѓаните и натаму најголема доверба имаат во ВМРО-ДПМНЕ и во лидерот на оваа партија и премиер Христијан Мицкоски. Вкупниот резултат на сите претседатели на македонските политички партии, според истражувањето, е помал од бројката за довербата што ја има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, една четвртина од испитаниците (25,2%) се изјасниле дека најголема доверба имаат во Христијан Мицкоски. Потоа следат Али Ахмети (5,6%), Димитар Апасиев (4,2), Изет Меџити (3,9%), Венко Филипче (3,6%) и Максим Димитриевски (3%).

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ Е ПОЛИТИЧАР СО УБЕДЛИВО НАЈВИСОКА ДОВЕРБА ОД 25,2% За ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 24%, втора партија според рејтингот е Вреди

Поврзани содржини