НЕ УСПЕАЛ ДА МУ ПОБЕГНЕ НА ПОЛИЦАЕЦ, ПА ГО ЗАТЕПАЛ? Кривична пријава за насилен кумановски возач

Инцидентот се случил во јануари, а сега против 29-годишникот од Романовце е поднесена кривична пријава.

63

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишник од селото Романовце, кој пред два месеци оттурнал и нападнал полицаец при обид да избега од контрола.

Инцидентот се случил на 14 јануари, кога полицајци му дале знак да запре возило, но тој не само што не застанал, туку продолжил да вози и со ретровизорот удрил еден од службениците.






Откако бил стигнат, ситуацијата дополнително ескалирала – осомничениот физички го нападнал полицискиот службеник.

Против него е поднесена кривична пријава за напад врз службено лице.

 

Поврзани содржини