МЕЛАНИЈА СО „МАКЕДОНИЈА“ ГИ РАЗЛУТИ ГРЦИТЕ? Еден збор во планираниот говор предизвика реакција на Атина

Грчката амбасада во САД реагираше на употребата на зборот „Македонија“ во говор на првата дама на САД. Според Атина користењето на „Македонија“ е против договорената рамка и може да влијае врз перцепцијата за грчкиот културен идентитет.

1,505

Реакција од грчкиот амбасадор во САД Андонис Александридис спречила првата дама на САД да го користи името „Македонија“ именувајќи ја нашата земја. Повеќе грчки медиуми пишуваат дека амбасадорот бил информиран дека во говорот на Меланија Трамп на Глобалниот самит во Белата куќа и „навреме реагирал да се користи терминот Северна Македонија“.

„По неговата интервенција првата дама на САД се обрати на соседната земја под нејзиното уставно име  Северна Македонија,  со што се избегна какво било погрешно толкување или дипломатска тензија“, наведуваат грчки медиуми.






Веста прв ја објави грчки ТВ Стар со видеоприлог од обраќање на Меланија. Претходно, медиуми како Грик Рипортер објавија дека Меланија веќе го искористила името Македонија во говорот со што предизвикала чувствителни реакции кај грчката стрнаа.

Терминот, според грчката позиција, се врзува за историска и географска област во Грција и затоа неговата употреба за држава се смета за дипломатски спорна.

Грчката амбасада во Вашингтон стапла во контакт со релевантни институции со цел да се изврши корекција. Намерата била да се осигури дека официјалните записи и идните комуникации ја користат точната терминологија.

Според дипломатските извори, користењето на „Македонија“ создава конфузија и ја поткопува договорената рамка. Воедно, се нагласува дека тоа може да влијае врз перцепцијата за грчкиот културен идентитет.

Грччката страна исто така тврди дека според принципот ерга омнес од Преспанскиот договор потпишан во 2018 година, соседот мора да се нарекува „Северна Македонија“ во сите официјални и јавни контексти.

„Како одговор, грчките дипломати контактираа со надлежните институции за да се осигурат дека официјалните записи и идните комуникации ја користат точната терминологија“, пишува ГрикРипортер.

Глобалниот самит „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ беше организиран од Меланија и ги собра првите дами од многу држави во светот. Меѓу нив се најде и сопругата на македонскиот премиер, Рози Мицкоска која имаше свое обраќање на работна сесија, а оствари и разговор и размени мислења со Меланија.

Централен момент на самитот беше претставувањето на американски изработен хуманоиден робот, кој јавно се обрати и комуницираше со присутните, покажувајќи ги можностите на напредната роботика и вештачката интелигенција.

Поврзани содржини