📽️ АВТОБУС СО ПАТНИЦИ ПОТОНА ВО РЕКА Најмалку 24 загинати во хорор несреќа при качување на ферибот

Автобус со околу 40 патници изгубил контрола при качување на ферибот и потонал во реката Падма, спасувачите трагаат по исчезнати.

171

Најмалку 24 лица загинаа кога патнички автобус со околу 40 патници излета во реката Падма при обид да се качи на ферибот во Бангладеш, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила во местото Даулатдија во округот Раџбари, на околу 100 километри од главниот град Дака. Според првичните информации, автобусот изгубил контрола додека се приближувал кон фериботот, се превртел и потонал на длабочина од околу девет метри.






Спасувачките екипи извлекле 22 тела од потопеното возило, меѓу кои шест мажи, 11 жени и пет деца. Подоцна починале и две жени кои биле извлечени живи, со што бројот на жртви се искачи на 24.

Во спасувачката акција учествувале четири противпожарни бригади и десет нуркачи, со поддршка од армијата, полицијата, крајбрежната стража и локалните власти. Потрагата продолжува бидејќи се стравува дека има и исчезнати патници.

Властите посочуваат дека вакви трагедии се чести во земјата, каде секоја година стотици луѓе гинат во сообраќајни и фериботски несреќи.

 

Поврзани содржини