ФИЛИПЧЕ ВО НИШ СЕ СРЕТНАЛ СО ШЧЕКИЌ, А ВО ГРЦИЈА СО БАШАНОВИЌ Работи под диктат на Заев, тврди ВМРО-ДПМНЕ
Филипче е без кредибилитет, не носи самостојно одлуки и е под целосна контрола на Зоран Заев – тврди ВМРО-ДПМНЕ.
Лидерот на СДСМ Венко Филипче во Ниш се сретнал со Милјан Шчекиќ, сопственик на српската пи-ар агенција „Ај Медија“, а во Грција со пријателот и поранешен советник на Зоран Заев, Зоран Башановиќ под целосна насока на Заев, тврди ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
„Филипче е без кредибилитет, не носи самостојно одлуки и е под целосна контрола на Зоран Заев. Заев ја има клучната улога за селекција и поставување партиски функционери во СДСМ, како што во минатото го постави Димитар Ковачевски. Сега преку Филипче, Заев директно го постави за шеф на ПР-комуникациите Башановиќ, заедно со неговиот соработник Шчекиќ.
Башановиќ и Шчекиќ ја контролираат ПР-стратегијата и јавните настапи на Филипче“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата тврди дека Башановиќ е човек со контроверзно минато, поврзан со сомнителни зделки во енергетиката и директно или индиректно вмешан во промената на името на државата Македонија.
„Сега Башановиќ ги советува СДСМ и Филипче за секој јавен настап. Односот на СДСМ и Филипче кон јавноста, преку соопштенија и прес-конференции, е директно под диктатот на Башановиќ и Шчекиќ, луѓе ангажирани од Заев да ја водат партијата. СДСМ е партија во ерозија, Филипче е лидер без кредибилитет, под диктат на Заев додека довербата кај граѓаните секој дeн им се намалува. СДСМ не работи за граѓаните и членството, интересите на Заев и контроверзните Башановиќ и Шчекиќ диктираат сè“ – пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.