БАНКАРСКИОТ СЕКТОР ЦЕЛОСНО Е ВКЛУЧЕН ВО ШЕМАТА НА КРЕДИТНИ ТРАНСФЕРИ НА СЕПА Најавено е нивно вклучување и во останатите шеми на системот

Со целосното вклучување на банкарскиот сектор во шемата за кредитни трансфери на СЕПА се овозможува поширока достапност на овие услуги за граѓаните и компаниите, како и зголемена конкуренција и понуда на платежни услуги на домашниот пазар.

26

Уште една банка се приклучи кон шемата за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА)  со што се заокружи процесот на влез на целокупниот банкарски сектор од домашната економија во оваа платежна шема, информира Народна банка (НБ).

-Вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПА претставува значаен чекор во натамошната интеграција на домашниот платен систем во европскиот платен простор и придонесува за унапредување на ефикасноста, брзината и транспарентноста на прекуграничните плаќања за граѓаните и за компаниите- велат од НБ.






Според Народна банка, со целосното вклучување на банкарскиот сектор во шемата за кредитни трансфери на СЕПА се овозможува поширока достапност на овие услуги за граѓаните и компаниите, како и зголемена конкуренција и понуда на платежни услуги на домашниот пазар.

-Ова општо придонесува за намалување на надоместоците и подобрување на транспарентноста при извршувањето на прекуграничните плаќања, особено за компаниите коишто активно тргуваат со земјите од Европската Унија и со другите земји членки на СЕПА – велат од НБ.

Народната банка, во соработка со банките и со другите учесници на пазарот, и натаму активно ќе работи на унапредување на платежната инфраструктура и на понатамошно усогласување со европските платежни стандарди.

-Во наредниот период ќе продолжи со активностите насочени кон натамошно проширување на учеството на домашните институции во останатите шеми на СЕПА, за да се обезбедат сигурни, ефикасни и современи платежни услуги за граѓаните и за компаниите – велат од НБ.

Поврзани содржини