ОРБАН ГО ВРАЌА УДАРОТ КОН КИЕВ Унгарија ќе ја затвори славината за гас, бара обнова на „Дружба“

Унгарија најавува запирање на гасот кон Украина сè додека не се обнови нафтоводот „Дружба“. Пораката доаѓа во време на предизборната кампања во Унгарија и засилена реторика околу енергетската политика.

223

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави постепено запирање на испораките на гас кон Украина. Одлуката Орбан ја условува со обновување на нафтоводот „Дружба“. Пораката доаѓа во време на предизборната кампања во Унгарија во која енергетиката е една од главните теми.

„Постепено ги запираме испораките на гас од Унгарија кон Украина и ќе го складираме гасот што останува кај нас“, напиша Орбан.






Испораките преку „Дружба“ беа прекинати во јануари. Тоа отвори спор меѓу Киев и Будимпешта.

Унгарија подоцна го блокираше заемот од Европската Унија за Украина. Брисел предложи мисија за инспекција на нафтоводот. Украина прифати техничка помош за санација на оштетената траса.

Унгарија и Словачка останаа без руска нафта преку „Дружба“. Причината е оштетување по руски напад во западна Украина.

Будимпешта испрати своја мисија за утврдување на состојбата. Резултатите не беа објавени. Во меѓувреме, Унгарија и Словачка ја обвинуваат Украина за намерно одложување од политички причини.

Поврзани содржини