ПРВА ФОТОГРАФИЈА ОД СНИМАЊЕТО НА НОВИОТ ХАРИ ПОТЕР Доминик Меклафлин во улогата што го прослави Даниел Ретклиф
Доминик Меклафлин ја презема улогата на момчето што живее во новата прва слика од серијата „Хари Потер“
Новата серија за Хари Потер, која беше најавена во 2023 година, ќе посвети по една сезона на секоја од седумте книги на Џ.К. Роулинг. Снимањето започна во јули, а се очекува серијата да дебитира во 2027 година. 11-годишниот Доминик Меклафлин ја презема улогата што го прослави Даниел Редклиф.
Арабела Стентон и Аластер Стаут ќе ги играат Хермиона Гренџер и Рон Визли, улогите што претходно ги играа Ема Вотсон и Руперт Гринт во филмската серија.
HBO ја објави првата фотографија од новата серија за Хари Потер, со што официјално започнува претставувањето на долгоочекуваната телевизиска адаптација на популарната сага.
Фотографијата, споделена на официјалниот инстаграм-профил, го прикажува младиот Хари, снимен од грб. Тој носи црвено-златна наметка, боите на домот Грифиндор, со неговото презиме и број на грбот. Пред него, група ученици влегуваат на теренот, украсен со знамиња на Грифиндор и Хафлпаф.
View this post on Instagram
Серијата во моментов се снима во студијата „Ворнер Брос“ во Ливсден, Велика Британија. Покрај Меклафлин, Алестер Стоут и Арабела Стентон, во екипата се и Џон Литгоу како Албус Дамблдор, Џенет МекТир како Минерва Мекгонагл, Папа Есиеду како Северус Снејп и Ник Фрост како Рубеус Хагрид.
Проектот го води Франческа Гардинер, додека режијата е доверена на Марк Мајлод. Меѓу извршните продуценти се и авторката Џ. К. Роулинг, како и Нил Блер, Рут Кенли-Летс и Дејвид Хејман.