ГИ ПОГОДИЛ НАПАДИТЕ ВРЗ ИРАН, ЗАРАБОТИЛ МИЛИОН ДОЛАРИ Обложувач имал инсајдерски информации на „Полимаркет“?

Обложувач заработува речиси милион долари со неверојатно точни предвидувања за нападите врз Иран. Анализите отвораат сериозни сомнежи за можни инсајдерски информации и злоупотреба на пазарите.

619

Играч на платформата „Полимаркет“ заработил речиси 1 милион долари со тоа што успеал да предвиди воени акции на САД и Израел против Иран. Аналитичарите од „Баблмапс“ велат дека е можно лицето да имало клучни инсајдерски инфорамции кое ги искористило за да погоди дури 93% од облозите.

Исто така, повеќето сметки од кои се обложувал биле поврзани и времето на обложувањата било сомнително.






– Сето ова силно укажува на инсајдерска активност – изјави директорот Ник Вајман.

Експертите велат дека ваква стапка на успех е речиси невозможна без предзнаење.

Од минатата недела „Полимаркет“ објави нови правила за да ги разјасни категориите на забрането инсајдерско тргување. Тие забранија тргување врз основа на информации што корисниците се законски обврзани да ги чуваат во тајност, како и за лица на „позиција на авторитет или влијание“, кои може да влијаат врз исходот на настаните.

Повеќето професионални играчи обично имаат стапка на добивка малку над 50 %, вели Тод Филипс, професор по финансии на Државниот универзитет во Џорџија. Анализата на „Баблмапс“ покажа дека овој обложувач имал вкупна стапка на успех од 83 %, па дури и 93 % кај облозите поголеми од 10.000 долари, со вкупна добивка од речиси 967.000 долари.

Некои од сметките поврзани со овој корисник сè уште се активни на „Полимаркет“ (Polymarket). Иако нивните најпрофитабилни облози се однесуваа на Иран, тие исто така поставија десетици помали облози на разни спортски настани.

Војната во Иран ги стави во центарот на вниманието платформите како „Полимаркет“ и „Калши“ (Kalshi), уште една популарна страница за обложување.

Џејсон Трост, извршен директор на „Смаркетс“ (Smarkets), рече дека постојат ситуации каде што вредните информации се „теоретски достапни за сите“, но тешко се наоѓаат, како што се нејасни сателитски снимки или случајно слушнат разговор меѓу соседи. Ова, според Трост, не се смета за инсајдерска активност.

Поврзани содржини