СЕСТРИТЕ КАРДАШИЈАН И ЛУИС ХАМИЛТОН ЗАЕДНО ВО ТОКИО Ријалити ѕвездата и шампионот на Формула 1 не можат да побегнат од љубопитните обожаватели

Луис Хамилтон, Ким Кардашијан и Клое Кардашијан изминатиов викенд биле забележани во Токио, Јапонија, а нивните фотографии веќе се раширија на социјалните мрежи

102

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан и седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, биле видени заедно во Токио за време на викендот. Иако не биле сами, односно, со нив, освен телохранителите, била и сестрата на Ким, Кло Кардашијан, тие делувале расположени.

Друштвото имало безгрижна прошетка низ Токио, но очигледно, дури ни таму не можат да побегнат од погледите на љубопитните минувачи. На фотографиите се гледа дека Луис му мафта на еден обожавател, додека многумина ги сликаат со своите телефони.






Инаку, Ким и Луис предизвикаа гласини за врска во февруари кога заедно отидоа на романтично патување во Велика Британија. Потоа престојуваа во луксузниот „Естел Манор“ во Котсволдс, а потоа заедно отпатуваа во Париз.

Во февруари, тие го направија своето прво заедничко јавно појавување на трибините за време на Супербоул. На почетокот на март, беа фотографирани како уживаат во зајдисонцето на ексклузивна дестинација за одмор покрај реката Колорадо.

Кардашијан и Хамилтон се пријатели со години, а се дружеа и кога беа со своите поранешни партнери – Никол Шерцингер и Канје Вест. Луис и Никол беа заедно од 2007 до 2015 година, а Ким беше во брак со Канје од 2014 до 2022 година.

 

 

 

 

 

Поврзани содржини