ОРЛАНДО БЛУМ РАКА ПОД РАКА СО 20 ГОДИНИ ПОМЛАДА МАНЕКЕНКА Која е убавата Швајцарка Луиза Лемел?
По крајот на бракот со Кејти Пери, актерот наводно веќе неколку месеци е во врска со швајцарската манекенка Луиза Лемел
Британскиот актер Орландо Блум (49) повторно е во центарот на вниманието, откако беше забележан во друштво на 20 години помладата манекенка Луиза Лемел (28). Според странските медиуми, двајцата наводно се во врска веќе неколку месеци, по неговиот развод од пејачката Кејти Пери, со која беше во брак девет години.
Минатата недела, Блум и швајцарската убавица уживале на краток одмор во Швајцарија, каде што, како што се наведува, актерот имал можност да запознае дел од нејзините пријатели и семејството. Извори блиски до парот тврдат дека иако живеат на различни дестинации – тој во Лос Анџелес, а таа во Њујорк – тие се во постојан контакт и меѓу нив „постои вистинска искра“.
Двојката престојувала во луксузниот хотел Dolder Grand, каде цените за ноќевање достигнуваат и до 16.000 евра, а Блум бил во градот поради промотивен настан на Porsche. Потоа, викендот го поминале во ексклузивен ресорт покрај езерото Луцерн.
Првпат биле видени заедно минатиот месец, кога рака под рака го напуштиле финалето на Супербоул во Калифорнија.
Која е Луиза Лемел?
Луиза Лемел е швајцарска манекенка која работела за познати брендови како Calvin Klein и Brandy Melville. Моделинг кариерата ја започнала на 16 години, по учеството на натпреварот Elite Model Look.
По ова искуство се преселила во Велика Британија, каде што дипломирала психологија, а потоа целосно се посветила на манекенството. Од 2019 година живее во Њујорк, каде соработувала со големи брендови како Maybelline, L’Oréal, YSL Beauty и Vera Wang.
Љубовниот живот на Орландо Блум
Пред врската со Кејти Пери, Блум шест години беше во брак со манекенката Миранда Кер. Се венчаа во 2010 година и имаат син, но се разделија во 2013.
Со Пери се запозна во 2016 година, по што започнаа турбулентна врска со прекини и помирувања. Се свршија во 2019 година, а во 2020 им се роди ќерката Дејзи Дав Блум. Нивната врска заврши во јуни 2025 година, по подолг период на несогласувања.
Сега пејачката е во врска со канадскиот политичар Џастин Трудо.