МОЖНИТЕ ИСТРАГИ И ПРЕДИСТРАГИ ГО ПРАВАТ НЕРВОЗНО РАКОВОДСТВОТО НА СДСМ Партијата е агресивна и нема политички компас

Некој друг го има далечинското во рацете. Венко Филипче само номинално е претседател на СДСМ, а суштински не ги креира политиките на оваа, до пред извесно време, битна политичка партија во Македонија, вели Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

179

СДСМ се соочува со недостаток на политичка насока, проследена со зголемена агресивност во јавниот дискурс, како и со внатрешна несигурност, вели Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во моментов раководството на СДСМ нема политички компас на делување. И тоа не го говорам само за нивниот однос кон владејачкото мнозинство, туку го говорам и кон нивните сопствени поистакнати членови во рамките на СДСМ. Секој којшто има различно мислење, без разлика дали е претставник на власт, на собраниско мнозинство или на дисиденти од редовите на СДСМ, наидува на жестока критика, омаловажувања, агресивен речник – рече Милошоски во гостување на Алфа.






Тој посочи дека раководството на СДСМ се чуствува несигурно поради некои можни истраги, предистраги или предмети на надлежните државни органи.

– СДСМ никогаш не била толку агресивна како што е денес, и со вокабуларот и со пристапот кон кој било поинаку размислувачки новинар, политичар, функционер или истакнат член на СДСМ – истакна Милошоски.

Тој вели дека очигледно е оти Венко Филипче се појавува како јавно лице на СДСМ, но според тонот и речникот може да се насети дека вистинското влијание доаѓа од други актери во позадина.

– Некој друг го има далечинското во рацете. Венко Филипче само номинално е претседател на СДСМ, а суштински гледаме дека не ги креира политиките на оваа, до пред извесно време, битна политичка партија во Македонија – рече Милошоски.

Поврзани содржини