ПРЕДЛОЗИТЕ ЗА ВИЦЕГУВЕРНЕРИ СЕ ДОСТАВЕНИ ВО СОБРАНИЕ Народа банка тврди дека нема законска пречка старите вицегувернери да носат одлуки

Согласно член 55, став 3 од Законот за Народната банка, член на Советот на кој му истекол мандатот, до именување на нов член, ги има истите овластувања и ги извршува истите задачи утврдени со закон.

108

Народната банка ја информира јавноста дека предлозите за вицегувернери се доставени до Собранието по завршување на јавниот повик и во согласност со законските процедури, откако денеска опозициската СДСМ побара истрага за да се утврди зошто три месеци се доцни со изборот на вицегувернери.

„Во оваа фаза, постапката за избор е во надлежност на Собранието. Категорично ги отфрламе тврдењата дека се кочи изборот на вицегувернери или дека функционирањето на Народната банка е доведено во прашање. Согласно член 55, став 3 од Законот за Народната банка, член на Советот на кој му истекол мандатот, до именување на нов член, ги има истите овластувања и ги извршува истите задачи утврдени со закон. Ова обезбедува континуитет во работењето и гарантира стабилност и непречено функционирање на институцијата, што е во согласност и со насоките на Меѓународниот монетарен фонд“, појаснија од Народна банка.






Оттаму додаваат дека ваква ситуација не е новост и одредени пролонгирања се забележани и во претходни избори на членови на Советот на Народната банка.

„Потсетуваме дека во 2018 година, кога СДСМ заедно со својот коалициски партнер ДУИ го имаа мнозинството во Собранието, Советот на Народна банка повеќе месеци функционираше во нецелосен состав, што не е случај сега. Законот и сегашната практика јасно обезбедуваат континуитет и стабилност во работењето на Народната банка до избор на нови носители на функциите.“, се наведува во соопштението.

Народната банка изразува загриженост, што преку неосновани и селективни информации пласирани во јавноста се доведува во прашање работењето на една високопрофесионална и одговорна институција.

СДАМ денеска побара истрага за да се утврди зошто се кочи изборот на вицегувернери на НБРМ која требало да заврши на 22 декември лани. Партијата констатира дека со доцнењето се доведуваат во прашање одлуките на Советот на Народна банка.

Поврзани содржини