ПРОСЕЧНАТА НЕТО-ПЛАТА ПОРАСНА ЗА 8,3% ВО ЈАНУАРИ Сега изнесува 46.617 денари
Највисоката просечна нето-плата изнесува 86.190 денари и е исплатена во ИТ секторот, а најниската просечно нето-плата изнесува 33.810 денари и е исплатена во хотелиерството и угостителството.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесувала 46.617 денари и е повисока за 8,3 % во однос на јануари 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „административни и помошни услужни дејности“ за 12,9 %, „трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“ за 11,1 % и „преработувачка индустрија“ за 10,5 %.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „транспорт и складирање“ за 7,4 %, „градежништво“ за 5,3 % и „финансиски дејности и дејности на осигурување“ за 3,8 %.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари годинава изнесувала 70.066 денари.
Највисоката просечна нето-плата изнесува 86.190 денари и е исплатена во ИТ секторот, а најниската просечно нето-плата изнесува 33.810 денари и е исплатена во хотелиерството и угостителството.
