РЕДИЦИ ЗА ГОРИВО ВО ТЕХЕРАН, ТЕЧЕ РОКОТ НА ТРАМП Иран се закани дека ќе го минира Теснецот

Тензиите меѓу САД и Иран ескалираат со ултиматум што истекува во ноќните часови. Трамп се закани дека ќе ја бомбардира енергетската инфраструктура на Иран доколку не биде отворен Ормускиот Теснец. Техеран се закани дека ќе го минира Теснецот. Властите во Иран воведоа ограничување од 20 литри гориво по автомобил.

754

Драмата околу Ормускиот Теснец се продлабочува. Говорник за Си-Ен-Ен вели дека жители на Техеран масовно се редат за гориво додека ултиматумот кој го даде американскиот претседател Доналд Трамп се приближува до истек.

Трамп побара Иран да го отвори стратешкиот теснец за 48 часа или да се соочи со воени удари врз енергетската инфраструктура. Рокот истекува во ноќните часови.






Во меѓувреме властите во Иран воведоа ограничување од 20 литри по автомобил.

Иранските власти возвратија со остар тон. Корпусот на Исламската револуционерна гарда најави одмазда при секој напад.

Иранскиот совет за одбрана излезе со уште поостра закана:

„Единствениот начин да се помине низ Ормускиот теснец за земјите кои не се воинствени е координација со Иран. Секој обид на непријателот да ги нападне иранските брегови или острови“ ќе доведе до „минирање на сите пристапни патишта и комуникациски линии во Персискиот Залив“.

 

Поврзани содржини