📽️ ТРАМП ОБЈАВИ СКЕЧ, ГО ИСМЕА СТАРМЕР „Знам колку сакате да ја почнете Третата светска војна“

Знам колку сакате да ја започнете Третата светска војна. Само напред, но ние не можеме да бидеме дел од неа, нервозно вели ликот на Кир Стармер во скечот, оставајќуи му говорна порака на шефот на САД.

418

Американскиот претседател Доналд Трамп сподели сатиричен скеч што директно го исмејува британскиот премиер Кир Стармер. Видеото одиграно од глумци ја разбранува британската јавност.

Стармер во својата канцеларија нервозно се обидува да избегне телефонски повик од Трамп. До него стои министерот за одбрана Дејвид Лами.






– О, што ако Доналд ми викне? – вели Стармер во скечот.

Подоцна сепак го прифаќа повикот и нервозно реагира:

– По ѓаволите со тој ужасен, ужасен, прекрасен претседател. Зошто е толку тешко да се разговара со него.

Стармер признава дека сака да го задржи Трамп „среќен“, додавајќи:

– Само сакам да го одржам среќен, Лами. Ти не го разбираш како мене, можам да го променам.

Во сцената се појавува млад советник од генерацијата Z, наречен Стармзи, алузија на раперот Стормзи. Тој му предлага на премиерот да му остави гласовна порака на Трампнаместо директен разговор. Стармер одговара со иронична самокритика:

– Ќе пробам сè, ќе направам сè. Освен да заземам став.

Во пораката до Трамп, Стармер меша политика и поп-култура.

– Америка и Велика Британија имаат долга традиција на соработка. Се сеќавате на Денот Д, на Ирак, на (серијата) „Пријатели“.

Кулминацијата доаѓа со саркастичен предлог:

– Знам колку сакате да ја започнете Третата светска војна. Само напред, но ние не можеме да бидеме дел од неа.

Советникот на крај му честита:

– Добра работа, господине. Направивте го најмалиот минимум и тоа е сè што луѓето очекуваат од вас.

Трамп молчи, но порака праќа преку споделување.

 

Поврзани содржини