ИЗГОРЕА 4 МОТОЦИКЛИ Пожар пред магацин во Прилеп

Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема, соопшти полицијата.

172

Во пожар на паркинг пред магацин синоќа во Прилеп изгореа 4 мотоцикли.

„На 19.3.2026 година во 21 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на паркинг простор пред магацин на правно лице на улицата Стеван Апостолоски во Прилеп настанал пожар, во кој изгореле четири мотоцикли, сопственост на правното лице. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Извршен е увид од екипа на ОВР Прилеп“,  соопшти полицијата.

Поврзани содржини